„Личнотијо мајкина“: Зуица Лазова со емотивна честитка за роденденот на ќерка ѝ

Добивај вести на Viber

Пејачката Зуица Лазова сподели убава вест.

Нејзиното првородено чедо, ќерка ѝ Македонка прослави роденден.

Со емoтвина порака и песна на која пејат тие две, мајка и ќерка, гордата Зуица напиша:

„О мама,мама, мама роди ме!....

Те родив на овој ден(28.01) пред 23 години, личнотијо мајкина и оттогаш, засекогаш неизмерно те љубам“.


Македонка која вчера наполни 23 години е оперска пејачка која ја потврди тезата дека „гените се чудо“, како ќерка на едни од најдобрите вокали на фолк-сцената Наум Петрески и Зуица Лазова. Го наследи нивниот талент, но го насочи во друг правец. 

А и нивниот син Стефан исто така тргна по музичкиот пат. Учи во ДМБУЦ Илија Николовски Луј , во фоклорниот оддел.


Р.Ж.М.

Фото и Видео: Фејсбук