„Симнав 6 килограми чиста кожа околу мене“: Ивона Јо сурово искрена за измешаните емоции по операцијата

Добивај вести на Viber

Пејачката Ивона Јо секогаш јавно и транспарентно зборувала за нејзината тежина, за предизвиците со кои се соочува и никогаш немала влакна на јазикот за многу теми. Па така и овој пат искрено и отворено зборуваше за операцијата и за подготовката за отстранување на вишокот кожа од нејзиното тело. 

Откако во 2021 година направи интервенција за намалување на желудникот, драстично ослабе но и започна да се храни здраво и е физички активна секој ден. Сето тоа придонесе до нејзино големо губење на телесната тежина, а со тоа и појава на вишок кожа на нејзиното тело. За операцијата како што и самата во неколку наврати истакна се подготвувала подолго време, пред се‘ психички, а и овој пат детално и за се‘ ја информираше јавноста.

Операцијата поминала одлично, а вчеравечер по доаѓањето дома во нејзиниот дом во Скопје, емотивна и со еден куп емоции повторно се осврна кон јавноста и нејзините фанови и напиша:

„За операцијата јавно зборуваше на своите социјални мрежи, а и откако стапна во Турција каде што ја правеше операцијата и оттаму споделуваше што и како се одвива.

Вчера во наплив на емоции по пристигнувањето на пејачката во нејзиниот дом во Скопје, исто така ги информираше своите фаноци, следбеници и 

„Time to say goodbye“ во позадина на кожа од 6 килограми-абдомен.
Срцето ќе ми се распукне од измешани емоции. Симнав тежина од себе која тежела 6 килограми чиста кожа околу мене.
Седам дома во Скопје и размислувам што да напишам. Не знам дали да плачам од среќа или пак да скокам (добро да скокам баш и не сум способна).
Последна контрола пред летот. Официјално ги споредивме пред и потоа сликите… и навистина оваа реакција може да се опише само со видео.
*направено е отстранување на вишок кожа 360 степени абдомен и грб.
*липосукција на стомак, грб.
*липосукција на подбрадок.
Со оваа операција ја завршуваме првата етапа од отстранување на вишок кожа.
Одлучивме поради можен ризик за уште повеќе отстранување на вишок кожа рацете да ги пролонгираме и да ги преместиме за некое друго време.
Оваа операција беше инвазивна абдоминопластика која траеше 6 часа. Извадено е 10 килограми вкупно кожа и масти (од кои кожа е 6 килограми).
Сѐ е под контрола. На мене останува да одмарам, јадам протеини, мислам позитивно… и за неколку месеци ќе го видиме финалниот резултат.
Човекот кој е заслужен за овие солзи радосници е доктор @dremrahaslan кој ми го смени животот. Докторе нека Бог ви дари сѐ што срцето ви посакува“.

View this post on Instagram

A post shared by IVONA JO (@ivonajo)

Браво Ивона, потребна е голема храброст за она на кое си се одлучила, секоја чест!


Р.Ж.М.

Фото и Видео: Инстаграм