Имам 97 години и ќе живеам 130, па нека умре кој сака: Нашата Добрила како да ги живее своите 50- ти години

Добивај вести на Viber

Македонската кандидатка во регионалното музичко шоу „Никогаш не е доцна“, Добрила Ивановска Чабриќ од Дојран со секое нејзино појавување во јавноста привлекува внимание.

Интересно беше што на оваа госпоѓа годините ништо не и можат, бидејќи во стотата деценија настапување во ова шоу и ги освои симпатиите на публиката, а жирито беше воодушевено од музичките изведби на Добила.

За нејзината богата животна приказна овој пат зборуваше за Радио и телевизија Црна Гора, каде откри нови детали од нејзиниот живот.

Со поддршка на нејзините фанови Добрила ја напиша и нејзината автобиографија, насловена „На пат кон стотата“ и притоа раскажа како треба да се ужива во секоја минута од животот.

„Јас имам 97 години, уште три па 100-ка. Јас ќе живеам до 130, па потоа нека се умира. Јас имам многу фанови и постојано ме прашуваат „зошто не напишеш нешто за себе, ние толку те сакаме“. И така почнав да ја пишувам мојата автобиографија“.

Добрила раскажа за нејзиниот живот додека работела во Париз.

„Јас навистина многу работев во Париз. Навечер по завршување, одма во кревет до утрото. Преку патот беа работилниците, една беше за машини за плетење, а другата беше салон за козметика и масажа. Јас таму се пријавив, за два месеци завршив два курса. Направив три модни ревии, на машината за плетење изработив извонредни модели. Возам автомобил и имам дозвола до месец мај, а се надевам дека ќе ми ја продолжат повторно. Уживам да возам имам мал „Матиз“, кој ме потсетува на фиќо, мојот прв автомобил. Во него се чувствувам сигурно можам со него да одам и на Марс ако треба“, раскажа Добрила.

Фото: Инстаграм