Два поводи за слава во семејството на Милошоски: Му се исполни желбата на Антонијо
Вчера, потпретседателот на Собранието на Македонија и претседател на Комисијата за европски прашања славеше роденден, а денес го празнува Светителот Антониј.
По тој повод, политичарот кој ако судиме колку е богат според децата, Антонијо го има најголемото богатство, објави семејни фотографии .
Мојата 49та роденденска желба се прегратките на Симона, Михаела, Дариа, Илина, Давид и Филип Милошоски .
„Денес семејно ќе си честитаме за роденденот, а утре за именденот по Светителот Антониј. Ви благодарам многу за честитките и на сите ви пожелувам здравје и добри вести“ - објави Милошоски на социјалните мрежи покрај фотографијата со сопругата и петте дечиња.
За 49-от роденден Антонијо доби торта во форма на машки костум.
Антонијо со сопругата Симона, архитект по професија, се трудат на децата да им бидат ветер во грб, да ги насочат кон вистинските вредности и да ги научат да го делат тоа што го имаат, како и меѓусебно да се помагаат додека се мали, за овие принципи да им бидат корисни кога ќе пораснат.