Брена призна сѐ за брачните кавги со Боба: 17 години беа жестоки и пеколни

Добивај вести на Viber

Лепа Брена и Боба Живојиновиќ имаат хармоничен брак

Бракот на Лепа Брена и Бобо Живојиновиќ е еден од најскладните на јавната сцена, а иако се заедно 34 години, во јавноста не се знаеше многу за нивната врска.

Лепа Брена и Боба Живојиновиќ се во брак повеќе од три децении.

Сепак, како и во секоја врска, понекогаш има несогласувања и во нивната, што не е чудно со оглед на тоа што нивната куќа била полна со „машка“ енергија.

– Се обидував да балансирам помеѓу полн дом на тестостерон. Штом не ме вика Беки туку Фахрета, тогаш знам до каде сме стигнале - низ смеа рекла еднаш Брена.

– Тогаш малку се лутам или нешто слично, но отсекогаш сум билa стабилна, мајка ми ми го обликуваше тој лик и често се сеќавам на сите совети што ми ги даде, иако понекогаш не ми беше удобно да слушам што ми зборува - објасни таа.

Инаку, пејачката во една прилика изјави дека расправиите во нивната врска биле почести на почетокот на нивниот брак. Првите 17 години беа „жестоки“ и „пеколни“.

– Постојано бевме лути еден на друг. Во бракот мора да има договор, а балканците се навикнати да бидат апсолутни лидери во се. Едноставно е, жената е составен дел од семејството и со неа треба да се согласите за некои важни работи: бизнис, деца, куќа, има две илјади работи – изјави пејачката.

Лепа Брена и Боба Живојиновиќ живеат како сите други и нивниот брак не се разликува од другите, вели таа, нагласувајќи дека понекогаш имало конфликти на мислења меѓу неа и нејзиниот сопруг.

– Ниту еден брак не е идеален, а ни мојот не беше. Имаше конфликти на мислења, како и во секој брак. На крајот на краиштата, ние живееме на Балканот. Мора да им дадете на мажите одреден приоритет во секој случај. Од друга страна, добро знаеме дека мажите се воспитувани да имаат приоритет во сè и сакаат да се фатат за некои „брзи возови“, всушност некои жени како мене. Индивидуални и независни. Отсекогаш знаев како да се снајдам. Но, дека жените во Србија се дискриминирани – тоа е секако точно, Балканот е познат по тоа.