Марија Шерифовиќ ги напушти „Ѕвездите на Гранд“: Детали за кавгата што ја натера пејачката да си замине од шоуто
Темпераментната Марија не сакаше да слуша ниту една секунда
Публиката на најпопуларното музичко натпреварување на овие простори „Ѕвездите на Гранд“ е навикната на се‘ почести расправии и несогласувања меѓу членовите на жирито.
Марија Шерифовиќ во следната емисија дури реши да го напушти натпреварувањето поради колегата Драган Којиќ Кеба.
Имено, во следната емисија во жирито ќе биде и Драган Којиќ Кеба на местото на Снежана Ѓуришиќ, кој толку многу успеа да ја испровоцира Марија Шерифовиќ што таа поради него го напушти шоуто.
Од друга страна, Драган Стојковиќ Босанац само со една реченица успеа да ги испровоцира Вики Миљковиќ и Александар Милиќ Мили, кои потоа започнаа жестока расправија.
- Не беше добро, најлошиот пар вечерва – рече Босанецот.
Вики веднаш му одговори на колегата, но во расправијата се вклучи и Мили кој го извлече најдебелиот крај.
- Најлесно е да се гласа и само да се плука и контра. Покажи ми што знаеш, еве го. Не знаеш да слушаш, треба да ти се провери слухот. Блазе на тој што полудува рано, а овој полуде не знам колку години има - рече Вики, додека Мили одговори:
- Јас го продуцирам вокалот - рече тој, додека Вики додаде дека Мили е глув како карпа.
Оваа расправија не ѝ се допадна на Марија Шерифовиќ, која побара од водителот Војо Недељковиќ да им ги исклучи микрофоните на Вики и Мили, а потоа Кеба ја извади од такт. Кеба пееше како и во секоја емисија и тоа толку ја изнервира Марија што го напушти шоуто.
Фото: Youtube - screenshoot