„Не сакам да му влегувам во кревет“: Првата изјава на Тончи Хулиќ за врската на синот Иван со Јелена Розга, еве дали ја поддржува нивната љубов
Познатата пејачка Јелена Розга наводно пред повеќе од една година ја обновила љубовната врска со 11 години помладиот Иван Хуљиќ.
Иван е син на познатиот хрватски музичар Тончи Хуљиќ. Тончи неодамна за српски „Блиц“ ги коментираше гласините дека неговиот син повторно е вљубен во Јелена.
- Не сакам да влегувам во креветот на мојот син. Го поддржувам ако е нивна среќа, ако не е вистина никому ништо - изјавил Тончи.
Иако се трудеше својот приватен живот да го држи подалеку од очите на јавноста, познато е дека хрватските медиуми пред десетина години пишуваа дека Јелена и Иван биле повеќе од пријатели, но нивната романса тогаш завршила поради големата разлика во години.
Дека емоциите меѓу нив двајца не згаснале и по повеќе од една деценија, доказ е тоа што на љубовта и дадоа втора шанса и се позаљубени од било кога.
Jel moguće da se Rozga zabavlja sa 11 godina mlađim Ivanom Huljićem? #caosvima pic.twitter.com/W0FMIl7pue
— Nina Krunić (@nina_krunic) January 23, 2025
Иван и даваше поддршка на Јелена за време на нејзините неодамнешни концерти во во Белград во „Сава центар“, а според локалните медиуми и двете семејства се воодушевени од нивната врска.
Розга зборуваше за момчето: „Ме бакна...“
Јелена неодамна го спомна своето момче, не сакајќи да открива премногу детали:
-Тој беше вечерва на вториот концерт. Ме бакна и прегрна пред концертот и ми посака среќа, љубовта е најважна. Добив цвеќе од публиката, многу мечиња и сето тоа го носам во Сплит.
Фото: Инстаграм
Извор: Blic.rs