Згодниот партнер на Љупка Митрова е фраериште: Инфлуенсерката со него на романтичен начин прославија една година врска
Изминатите години презгодната струмичанка стана препознатлива во нејзиниот стил на облекување, со доза на провокативност и сексапил, како и со патувањата од каде објавува фотографии.
„Да наздравиме за една година љубов“, напиша Љупка.
На нејзиниот Инстаграм профил може да се забележат повеќе фотографии од заедничките моменти на различни дестинации.
Љупка повеќе детали не открива за нејзиното момче, но најважно е дека таа не крие колку е заљубена.
Во поткастот „Биди Свој“, Љубка зборуваше отворено за разводот од нејзиниот партнер со кој била заедно 15 години.
„Моментот кога решив да ставам крај на мојот брак, нели јас сум разведена жена како што знае струмичката јавност, и моментот кога решив да ставам крај со партнерот со кој сум поминала 15 години и имам две прекрасни ќерки, сум станала свесна дека сакам да почнам да се сакам себеси и да си бидам приоритет на самата себе и некој партнер, за среќа ете партнерот со кој што сум сега, ме сака таква каква што сум и ми дава само потпора и ми е поддршка. Тогаш почнуваме да растеме и ете стигнуваш до нешто што за тебе во тој период и за тоа време не било возможно и реално во твојата глава“.
Фото: ИнстаграмРЖМ