Актуелно // Insta вести
„Најсреќен сонце мое“: Партнерката на Висар Вишка со емотивна честитка по повод неговиот роденден
- 18 Јануари, 2025
Актерот Висар Вишка има убав повод за славење.
Неговата партнерка и мајка на неговата 2 ипол годишна ќерка Хана, Мерима со две фотографии од нив двајца му честиташе роденден.
Со убава позадина од летно зајдисонце и море на кое се фотографирани тие двајца Мерима му посака: „Најсреќен роденден сонце мое„.
Парот пред 2 ипол години ја доби ќеркичката Хана, која ги има неговите црти.Инаку, Висар е познат македонски театарски, филмски и телевизиски глумец, и режисер кој е родум од Гостивар.
Фото: инстаграм