Актуелно // Insta вести
Како сестри: Наташа Малинкова и ќерка ѝ Султана во црно бели комбинации блеснаа во Охрид

Пејачката Наташа Малинкова има полни раце работа периодов, особено за време на празниците.
Таа редовно на социјалните мрежи објавува каде настапува и што одбрала да носи по тој повод. Поретко Малинкова открива детали од приватниот живот.
Мајка и ќерка во црно бели комбинации блеснаа во познат локал во Охрид.
И двете изгледаат навистина трендовски и елегантно, а познавачите на модата секогаш потенцираат дека црно-белата комбинација е сигурен избор и кај неа е многу помала веројатноста да утнете.
Интересно е и тоа што Султана личи премногу на нејзината мајка Наташа. Очите, насмевката, па и ставата ги „зела“ од неа. А пејачката со сопругот Кире ја имаат и помалата ќерка Емилија.
Р.Ж.М.
Фото: Инстаграм