Фотографии како од насловна страница: Еве во каков летен рај ужива актерот Жарко Димоски со семејството (ФОТО)
Повторно ја одбраа популарната егзотична дестинација – Малдиви, од каде преку фотографија ги пренесуваат впечатоците од природните убавини на ова парче земја.
„Срдечни поздрави и среќни празници од нашето семејство, 2025 година започна како што замисливме“, напиша Андреа.
На фотографиите изгледаат како семејство од насловна страница на познат светски магазин, кој внимава на изгледот. Семејните фотографии од Малдиви на парот пренесуваат позитивните вибрации во овие зимски денови.
Актерот и неговата сопруга покажаа и дека внимаваат на нивната фит линија, па така Жарко го истакна извајаното мускулесто торзо, додека Андреа на зајдисонце покажа одлична форма нејзиното тело.
Парот втор пат е на Малдивите, првиот пат беа за нивниот меден месец, но овој пат е поинаку го имаат со нив и едногодишниот Вито.
Фото: ИнстаграмРЖМ