Актуелно // Insta вести
Еве што се случува кога ќе се спојат Њујорк и Сузана Гавазова: „Големото јаболко“ ѝ годи на пејачката

Сузана Гавазова е на турнеја во Америка. Деновите планирани за нејзиното музичко гостување ги искористи и за прошетка до Њујорк.
Во срцето на „Големото јаболко“ најзначајните знаменитости и најпознати места на градот ги посети во друштво со нејзините најмили, со ќерките Емили и Селена и сопругот Јасмин.
Во црвена топла јакна во срцето на Њујорк, на Times Square пејачката уживаше во неверојатните огромни билборди, кои се заштитен знак на овој дел од огромниот град.Додека вечерта семејството на Гавазова ја искористи за забава со блиски пријатели, во ресторан.
Инаку, веќе неколку дена Сузана е на музичка турнеја во Америка. Пејачката ги удостои нејзините фанови во далечната земја со одлична македонска музика, но исто така доследна на себе и сценскиот настап и таму додека пее во една ноќ сменува по неколку изгледи, односно сценски костуми.
Р.Ж.М
Фото: Инстаграм