Недела е за фини нешта: Најубавиот рецепт за посни палачинки
За подготовка на овој превкусен десерт ви се потребни следниве намирници:
-300 гр брашно
-500 мл минерална вода
-1 прашок за пециво
-1/2 сода бикарбона
-1 мала шолја масло за готвење
-малку сол
-малку масло за подмачкување на тавата
-џем/може и посен крем
Начин на подготовка:
Во сад ставете гибрашното, сода бикарбоната, прашокот за пециво и на крај додадете ја минералната вода, сол и масло. Изматете ги состојките со миксер или со маталка. За тоа време, загрејте ја тавата и подмачкајте ја. Добиената смеса ставете ја на веќе загреаното тавче и печете ја посната палачинка околу половина минута, па свртете ја да се пече и од другата страна. Повторете ја постапката додека не ја потрошите смесата од садот. Добиените палачинки намачкајте ги со џем или посен крем и преклопете ги во посакуваната форма.
Бон апетит!
Фото: freepik