Поминете, бесплатна е оваа убавина: Расцветаа јапонските цреши на „Максим Горки“ во Скопје

Јапонските цреши се еден од главните симболи на главниот град. Ако се тоа липите на Партизанска, за Максим Горски тоа се јапонските цреши.
Нема поубава улица во Скопје на пролет кога цветаат јапонските цреши и прават розва завеса на овој потег во градот.
Вистинска пролетна атракција, но и главна инспирација за најубавите фотки од Скопје направени под крошната на овие прекрасни дрва.
Како главен синоним за месец април се јапонските цреши на „Максим Горки“.
Фактите велат дека процесот на цветање има 11 фази.
Цветањето обично се одвива во шест фази, но љубителите на ова растение велат дека ги набљудувале, така што откриле дека имало 11. Овие фази, по хронолошки редослед, вклучуваат: 1. пупки; 2. испакнати пупки; 3. цветање; 4. 10 отсто цут; 5. 30 отсто цут; 6. 50 отсто цут; 7. 70 отсто цут; 8. 100 отсто цут или целосно цветање; 9. процес на паѓање; 10. паѓање и 11. крај.
Во продолжение уживајте во розово Скопје:
Г.Д.Г
Фото: Женски магазин































