Браво Душко! Тошиќ не губи време по разводот, сите му честитаат на одлуката

Откако стави крај на бракот со популарната пејачка Јелена Карлеуша, Душко Тошиќ се посвети на себе и на своите ќерки со кои го поминува секој слободен момент, а како успева да го спои убавото и корисното, уште еднаш покажа преку социјалните мрежи.
И овој пат поранешниот фудбалер јасно стави до знаење колку е посветен на работата и на обезбедувањето светла иднина на своите ќерки. Имено, Душко Тошиќ сподели убава вест на Инстаграм и откри дека е подготвен за уште еден деловен потфат.
Поранешниот фудбалер и успешен менаџер не губи време. Откако влезе во угостителството со отворање ресторан во Белград, реши да се испроба во друга деловна сфера.
Судејќи според неговата последна објава, тој е решен да започне бизнис со станови во Црна Гора.
На неговиот инстаграм се појавија фотографии од луксузни апартмани со приватна плажа, со опис „наскоро“, а логичен заклучок беше дека се е подготвено за претстојната летна сезона и дека наскоро се очекува отворањето на објектот.
Кога Душко Тошиќ ја сподели радосната вест на споменатата мрежа, следеа бројни честитки и пофални зборови, а со оглед на тоа колку е посветен на сè што прави, нема дилема дека Душко ќе има полни раце работа, а во ова одморалиште ќе престојуваат многу јавни личности.
Фото: Инстаграм
Извор: Story.rs