Татко му го украл од породилиштето за да го спаси од смртта: Шокирачки детали од животот на Хари Мата Хари

Пејачот Хари Варешановиќ, попознат како Хари Мата Хари, ретко го открива својот приватен живот. Сепак, еднаш за медиумите реши да си ја отвори душата и по тој повод откри малку познати детали за неговото минато.
Хари тогаш рекол дека самиот почеток на неговиот живот бил интересен бидејќи татко му го украл од болница кога се родил.
- Во Сараево таа година зимата била исклучително студена. Новородените деца почнале масовно да умираат бидејќи немало греење во болницата. Татко ми ѝ донел на мајка ми портокали, а мене буквално ме ставил во торба и ме однел во страв дека ќе умрам од студот. Пристигнав на овој свет на интересен начин во топол дом – изјави Хари за Курир минатата година.
Пејачот не сака да зборува за приватниот живот, но откри дека зад себе има два брака и три деца:
Фото насловна: Youtube -screenshoot
Видео: Youtube