Евгенија елегантна и згодна, во црн комплет докторираше: Сопругата на Вело Марковски стана доктор на науки

Добивај вести на Viber

Евгенија Марковска стана доктор на науки.

Младата сопруга на професорот докторираше на тема „Туристичките потреби и бенефити од спа услугите на бањите во РСМ“ при Факултетот за образовни науки во Штип, а фотографиите ги сподели на социјалните мрежи.


Секогаш облечена складно и ненападно, за оваа пригода, некогашната мисица беше облечена во црн елегантен костум.


Евгенија Марковска која е поранешна мисица отсекогаш била слаба и згодна, а овој пат линијата ја довела до чисто совршенство.


Таа е мајка на две дечиња Павле и Кате.

Евегнија и Вело имаат љубов која не познава граници и години. 

Во ексклузивното интервју за Женски магазин, Евгенија ја раскажа нивната љубовна приказна.

Таа тогаш кажа дека не биле сигурни дека ќе успеат, но вредело да се проба.

„На самиот почеток воопшто не се надевав дека ќе заврши со брак или ќе имаме деца, за само после две години јас бев таа што најмногу на свет сакаше да имаме дете. Клучен момент во се тоа беше неговиот однос кон мене“, вели Марковска. 


ФОТО: Инстаграм