Сара Мејс и Димитар го крстија синот на ДиЏеј Мац: Илина и Кирил елегантни како мама и тато

Пејачката и харфистка Сара Мејс и водителот Димитар Атанасовски вчера беа кумови. Сите убаво дотерани за овој свет чин, а децата на познатиот пар издоминира. Илина и Кирил им париираа на родителите.
Го крштеваа синот на познатиот Диџеј Марјан Петровски Мац, а за таа пригода споделија и фотографии на социјалните мрежи.
Бебето на Мац и Татјана го носи името Петар.
Петар е машко, христијанско име со грчко потекло. Потекнува од грчко име „Петрос“ и значи карпа, камен.
Поради ова се смета за симбол за непристрасност, одлучност и непоколебливост. Името Петар му припаѓа на еден од дванаесетте Христови апостоли. Римокатолиците свети Петар го сметаат за првиот папа и сметаат дека сите останати папи се негови наследници.
Петар е име со силно и длабоко значење, луѓето коишто го носат се одликуваат со цврст и сериозен карактер. Тие се истрајни во своите намери кои најчесто ги водат до сигурен финансиски пат. Немаат проблем да се збогатат, но и да го зачуваат богатството.
Мац и Татјана стапија во брак на 5 август 2023.
ФОТО: Инстаграм официјален профил Сара Мејс