Со сопругот во прегратка и ќерката до неа, Биба Додева прослави роденден: Забава за блиските и уникатна торта за јубилејот

Добивај вести на Viber

Поп пејачката и претседател на здружението „Борка“ Биба Додева прослави јубилеен роденден.

Во друштво на најблиските пријатели и роднини Биба дуваше свеќички со бројот 50 на роденденската торта.

Во нејзино друштво беше и сопругот Срѓан за кој се омажи во 2022 година и ќерката Емануела.

Роденденската торта во духот на музиката. Чоколадна гитара на која пишува „Среќна 50-ка Биба“. На фотографиите кои ги објави пејачката напиша: „50, добро ми дојдовте“.

Во интервју за Женски магазин, Биба зборуваше за љубовта со Срѓан и истакна дека нивната љубовта е доказ дека постои и дека си го нашла патот кога е време за тоа. Инаку бракот со Срѓан за Биба е трета среќа.

„Ние сме си љубов од 2011 година. Не ни беше судено тогаш. Пак се пронајдовме, и љубовта продолжи како никогаш да немала прекин. Едноставно не ми се верува дека има среќичка и за мене на тоа поле. Пресреќни сме. Ова е само уште еден убав доказ дека сепак од она што ти е судено не се бега, па кога е вистинско време, тогаш и ќе ти дојде во животот“, изјави Биба, која е среќна баба на Александар, синот на нејзината ќерка Емануела.

Фото: Инстаграм
РЖМ