Рецепт на денот: Посна пита со лимон, ем вкусна-ем освежува

Добивај вести на Viber

Состојки за посна пита со лимон:

За кората:

-200 гр мелени бисквити (посни),

-100 гр маргарин (посен), стопен.

За фил:

-250 мл кокосово млеко,

-100 гр шеќер,

-сок и рендана кора од 2 лимони,

-2 лажици пченкарен скроб,

-1 лажичка ванилин шеќер.

Посна пита со лимон се подготвува на следниов начин:

Во сад измешајте ги мелените бисквити и стопениот маргарин додека не добиете изедначена смеса. Смесата притиснете ја во тавата за пита и оставете ја во фрижидер додека го подготвувате филот.

Во тенџере измешајте кокосово млеко, шеќер, сок од лимон и рендана кора, ванилин шеќер и пченкарен скроб.

Гответе на средна топлина со постојано мешање додека смесата не се згусне.

Прелијте го филот врз подготвената кора и оставете да се излади на собна температура, а потоа ставете во фрижидер да се стегне целосно.

Послужете ја питата ладна, украсена со парчиња лимон или рендана кора, по желба.