Посен или лажен бурек: Толку е добар, ќе продолжите да го правите и откако ќе поминат деновите на постот

Добивај вести на Viber

Посниот бурек е толку вкусен, а сепак здрав што ќе го правите и откако ќе заврши постот.

Рецепт за посен бурек од соја и печурки. За да го направите овој превкусен бурек потребни ви се:

-500 грама готови кори за пита

-3 поголеми страка млад кромид

-400 гр печурки

-100 гр соја трошки

Течност за натопување на кората:

-400 мл. минерална вода

-150 мл. масло за готвење

Начин на подготовка:

Во тава издинстајте ги младиот кромид, соја трошките и печурките. Тоа е полнењето. Додадете зачини и готово. Потоа направете течност за натопување на кората со мешање на минерална вода и масло. Со оваа течност натопете ги корите и наполнете ги корите, па печете во загреана рерна на 200 Целзиусови степени околу половина час.


Наздравје!


Фото и Видео: Youtube