Здравје // Рецепти
Посна проја, брзо јадење за викенд: Лесно се прави, а освојува уште од првиот залак

Подготовката е едноставна, а вкусот е неверојатен.
Неопходно е:
*1 шолја (од 2дл) брашно
*2 чаши пченкарно брашно
*половина кесичка прашок за пециво
*2 лажици печен наут
*2 лажици печен сончоглед
*1 лажица мелен лен
*1 млад кромид
*2 чаши кисела вода
*половина чаша масло
*1 лажичка сол
*оригано и магдонос
*слатка пиперка
*сусам за посипување
Подготовка:
Прво измешајте ги сите суви состојки во сад за матење, а потоа додадете ја киселата вода и маслото и сè убаво измешајте. Во плех со средна големина ставете хартија за печење, па истурете ја смесата, посипете со сусам и слатката пиперка. Печете ја пројата на 180 степени околу 25-30 минути.
Извор: Тrpeza.alo.rs