„Жените најгласни на концертот на Јелена Томашевиќ“: Интимна дружба која ги поврза срцата на сите генерации во Скопје

Добивај вести на Viber

Вчеравечер во метрополата на два музички фронта се пееја песни и се славеше љубовта, се славеше жената како битие, но и се прославуваше успешна музичка кариера.

На едниот музички фронт македонскиот пејач Јоце Панов со концерт во Филхармонија, а на другиот српската пејачка Јелена Томашевиќ со концерт во Националната опера и балет.

Јелена Томашевиќ блесна на сцената на НОБ во фустан со животински принт, со одлично скроен корсет. За нејзиниот изглед за концертот со кој одбележува 20 години кариера се погрижи стилистот Октај Сејди.

View this post on Instagram

A post shared by O.S (@oktayseydi_hairartist)

НОБ исполнета до последното столче, за да ужива во најубавите хитови на пејачката, кои се сметаат за женски химни. На концертот присутна публика од сите возрасти и сите тие уживаа и гласно ги пееја големите хитови на Томашевиќ како „Оро“, која го освои целиот континент, до емотивните балади како „Име моје“ и „Да ми је да ми се врати“.

Она што е најважно, дека публиката од концертот на Јелена Томашевиќ си замина среќна и задоволна, посебно дамите кои на нивниот ден уживаа во еден уникатен музички десерт.

Еве дел од атмосферата на концертот: 

Фото: Ваѓел Тануровски