„Верувај ми“ е песна за првиот тнц на младенците – Нов сингл на „Бендот на браќата Нуне“

Добивај вести на Viber

Кога сакаат вљубените да се заколнат на вечна љубов, тоа може да го направат преку „Верувај ми“, новата песна на „Бендот на браќата Нуне“. Иако од нејзината промоција се поминати десетина дена, поточно промовирана е на Денот на вљубените, оваа песна веќе се нарачува за првиот танц на младенците, кои преку пораки за вечна љубов ја отвораат свадбата.

Нежна и романтична балада која никого не остава рамнодушен, особено најљубовното „ти си се што имам јас“.

-Се надеваме дека ќе допре до сите, дека ќе живее и дека многу вљубени ќе ја имаат за свој фаворит. Среќни сме што песната веќе ја одбраа за прв танц на младенците, значи дека си го нашла вистинскиот пат. Песната е романтична балада, во која ќе се пронајде секој заљубен пар. Инспирирана е од секојдневни настани и забави на кои сме дел, тоа ни беше мотивацијата да ја направивме оваа песна. Веруваме дека ќе допре до сите вљубени и токму оваа песна ќе ги обележи сите нивни среќни моменти, велат од бендот. 

Песната е во дует, ја пеат Мими и Драги, кои се вокали во бендот, а со нивните гласови ја донеле на најубав, најромантичен начин. Филип и Раде, пак, секогаш се тудат да бидат поинакви, не само со музиката туку и со стајлингот. 

Во нивниот минат труд се запишани многу успешни настапи, омилени се меѓу публиката, а тие возвраќаат со нови песни. Идниот месец веќе е планирана нова песна, но има и уште повеќе кои си го чекаат денот. Зад новата песна на ,, Бендот на Браќа Нуне " , односно зад романтичната ,,Верувај ми" се запишани Филип Нуне, кој ја напиша музиката и текстот, додека аранжманот е на Дамир Имери.