ЛАДЕН АТМОСФЕРСКИ ФРОНТ НОСИ БУРНА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО: Од недела дожд, снег и силен ветер

Во недела 2 март и ноќта кон понеделник, како и во пенеделник 3 март во претпладневните часови нашата Република Македонија ќе биде зафатена од ладен Атмосферски фронт од север кој ќе услови на повеќе места да имаме врнежи од дожд, додека на планините до околу 1000 метри надморска височина врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег, вели метеорологот Славчо Попоски.
„Снежната граница во северните и во северозападните предели се очекува да се спушти и под 1000 метри надморска височина, па така повремен послаб снег во овие предели ќе има и во повисоките населени места. Особено во понеделник ќе дува повремено засилен ветер од северен правец.
И во Скопскиот регион со овој бран ќе има повремени врнежи кои ќе бидат од дожд, а на околните планини тие ќе преминуваат во снег. Во понеделник на 3 март повремено ќе дува засилен ветер од северен правец.
Што се однесува до температурите на воздухот, тие позначително ќе опаднат и ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 10 степени. Во Скопје таа ќе се искачува до околу 8/9 степени“, објави тој.
Фото: Freepik.com