Џем за брзо празнење на цревата: Стар рецепт со 3 состојки што треба да го знаете
Лекарите препорачуваат празнење на дебелото црево секој ден, а ако имате проблеми со тоа, пробајте го џемот кој ја стимулира работата на цревата.
Прејадувањето за празниците предизвикува запек кај многу луѓе. Затоа, сега е потребно да се поттикне работата на цревата и на тој начин да се исчисти телото што е можно поскоро. Секој има свои методи за забрзување на метаболизмот, а ова се некои од нив:
1 чаша млака вода наутро
кафе
Јадење киви со кора
Чаша млако млеко
Чаша јогурт
Доколку ништо од ова не ви „работи“, ви предлагаме да пробате да консумирате џем за брзо празнење на цревата, кој се прави и консумира вака:
Потребни намирници:
-150 гр урми (1 чаша),
-150 гр сливи (1 чаша),
-1,5 чаши зовриена вода (помалку за погуст џем)
Начин на подготовка:
Урмите и сливите исечете ги на парчиња. Ставете ги во врела вода и варете додека смесата не се згусне. Добиената количина треба да биде доволна за 20 порции од 1 лажица. Овој џем е погоден за сите возрасти, пишува стилкурир.
Можете да го јадете само него, да го намачкате на леб, да го додадете во јогурт, житарици...
Совети за исхрана за постигнување редовно празнење на дебелото црево:
Пијте многу вода;
Јадете храна со повеќе влакна:
овошје, зеленчук, житарици;
Постепено воведувајте влакна во вашата исхрана и избегнувајте лаксативи бидејќи постојат многу природни методи кои можат да ви помогнат;
Избегнувајте кофеин и млеко.
Фото: freepik