Катарина Ивановска со децата во Дубаиленд: Детски радости во најмагичното место
Моделот Катарина Ивановска овие денови со децата поминува време во Дубаи.
Од таму таа сподели фотографии како уживаат на прекрасни места, а најмагичната цветна градина била неизбежна посета при нивното патување во Емиратите.
Ако од нешто ќе ви застане здивот, тогаш тоа е дефинитивно Miracle Garden во Дубаи а Дубаиленд е приказна која треба да се доживее.
Miracle Garden се простира на 72.000 квадратни метри и е дом на повеќе од 250 милиони различни цвеќиња и растенија. Неколку стотици работници работат на одржување на градината, а растенијата се наводнуваат со прочистена отпадна вода од Дубаи.
Концептот на проектот на првата ваква градина е создаден како дел од договорот помеѓу областа Дубаиленд и Дубаи Пропертис Груп, а вкупниот трошок се проценува на 11 милиони долари. Откако првата фаза од проектот беше завршена и отворена во февруари 2013 година, која се состоеше од 2000 квадратни метри надворешни објекти вклучувајќи вертикално и хоризонтално уредување на околината, развојот на првата фаза траеше два месеци, а биле потребни 400 работници и градинари.
Втората фаза од проектот започна во средината на јуни 2013 година и беше завршена во октомври. Опфати 70 проценти проширување на првичните 2.000 квадратни метри и вклучуваше додавање на цветен часовник, градина со пеперутки, продавници и џамии, сето тоа во цветни и растителни изданија и инсталации.
Она што ја прави посебна оваа чудесна градина е нејзиното одржување. Цвеќињата се одржуваат и се наводнуваат со повторна употреба на прочистена отпадна вода со методот на наводнување капка по капка со просечна количина од 757.082 литри вода дневно. Како што тврдат претставници на Dubai Miracle Garden, овој дел од Дубаи каде што се наоѓа градината, ја повлекува отпадната вода од градот и ја праќа директно во градината каде што повторно ја филтрираат водата и ја претвораат во висококвалитетна вода за употреба во градината.
Погледнете како изгледа чудесната цветна градина.