Посна супа со зеленчуци во која ќе се вљуби целото семејство: Вкусна и здрава
Посна супа со зеленчуци во која ќе се вљуби целото семејство: Вкусна и здрава
Постудените денови се одлични за консумирање на топло предјадење. Супата од зеленчуци која е и посна е вкусна, здрава и исклучително добра за нашето тело.
Потребни намирници:
- 1 кромид
- 5/6 морковчиња
- 2 компира
- 1/3 целер
- 1/3 пашканат
- 300 гр. брокула
- 2 коцки за супа од зеленчук
- фиде
- сол, црн бибер
- лаворов лист
Начин на подготовка:
Во подлабоко тенџере ставаме околу 4 литри вода, а во неа ги додаваме претходно исечканите зеленчуци на коцки, освен брокулата. Се варат заедно додека омекне целиот зеленчук, а во текот на варењето се додаваат 2-те коцки супа и зачините по ваш вкус. Откако ќе омекне зелечнукот може истиот да се изблендира, но и не мора. Па се додава фидето и брокулата.
Сервирајте во чинија, додадете по желба магдонос и малку сок од лимон и уживајте!
Фото: freepik