Се породи ќерката на ЕМИНЕМ! Хејли објави први фотки од преслаткото бебе, а името го доби по славниот дедо - ФОТО

Добивај вести на Viber

Ќерката на Еминем, Хејли Џејд Скот и нејзиниот сопруг Еван Меклинток го добија своето прво дете, момче по име Елиот Маршал Меклинток.

Хејли сподели преслатки фотографии од нејзиното новороденче на Инстаграм, облечено во син џемпер, заедно со детали од неговото раѓање.

Елиот е роден на 14 март 2025 година и веќе има нешто заедничко со неговиот славен дедо.


Хејли на својот син му го дала средното име „Маршал“, што е името на нејзиниот татко.

„Среќен датум на породување/ 3 недели на оваа земја, бебе Е“, напиша Хејли на објавата.

Еминем е многу близок со своите деца. Минатата година тој објави спот за песната „Temporary“, која ја напиша како писмо до својата ќерка Хејли во случај на неговата смрт. Заедно со емотивната песна, тој објави уште поемотивно видео во кое откри дека неговата ќерка чека дете.


Во еден момент од видеото тој и Хејли седат на предните скали од куќата, а таа му подарува дрес од Детроит Лајонс. На задната страна пишуваше „Дедо“, а таа му даде и слика од ултразвукот. Поради подарокот, Еминем едвај ги задржа солзите.

Видеото покажа и моменти од растењето на Хејли. Еминем вклучи и стари семејни снимки и фотографии од неговата ќерка кога таа беше дете. Прикажа и неколку моменти од нејзината венчавка, меѓу кои и онаа кога за прв пат ја виде во венчаница. Раперот тогаш заплака, а уште повеќе го трогна честитката што му ја подари ќерката тој ден. За прв пат, фановите имаа можност да го видат првиот танц на Хејли и нејзиниот татко, како и моментот кога тој ја носеше по патеката.


Во коментарите фановите на легендарниот рапер им честитаа на Хејли и нејзиниот сопруг Еван Меклинток, а ја коментираа и емотивната страна на раперот која досега немале прилика да ја видат. „Најсилниот рапер некогаш плаче. Сега плачам“, „Да го видам Еминем како плаче е најчовечкото нешто што сум го видел“, „Еминем само расплака милиони татковци“, „Ништо не ме боли повеќе од солзите на Еминем“, „За малку ќе заплачев кога ја почувствував љубовта на таткото кон неговото девојче, не можам да престанам да слушам“.

„Еминем е вистински пример дека човек може да биде толку скршен, но волјата и силата да биде подобар заради своите деца и себеси може да ги надмине сите тешкотии што ги носи животот“, напиша емотивен обожавател.

View this post on Instagram

A post shared by Hailie Jade (@hailiejade)



Хејли и Еван се верија во февруари 2023 година, а се венчаа минатата година во мај.