Надал и Марија ќе станат родители по втор пат: Многумина се изненадени од името што Рафа го избрал за бебето

Добивај вести на Viber

Рафаел Надал прв пат стана татко на 8 октомври 2022 година, а наскоро нивното семејство ќе се прошири и ќе стане татко по втор пат.

Како што пишуваат шпанските медиуми, животната сопатничка на Рафа, Марија Франциско Перељо дефинитивно повторно е во благословена состојба – има труднички стомак кој повеќе не може да се сокрие.

А кога на оваа двојка им се роди првото дете, пред две и пол години, информацијата која првпат дојде од Шпанија по тој повод не беше многу опширна, но содржеше три основни работи.

Прво, дека Мери Перељо и нејзиниот сопруг Рафа Надал станале родители, бидејќи сопругата на (тогаш) рекордерот во грен слем титули (22) се породила без компликации.

Имено, на свет дојде синот на споменатиот спортист и неговата животна сопатничка.

Како што откриваат локалните медиуми во Мајорка, Рафаел Надал одлучил неговиот наследник да се вика Рафаел.

А кога Новак Ѓоковиќ ја слушна веста од Шпанија за време на неговиот престој во Казахстан – имал реакција за паметење.

„Големата тројка на тенисот - кој колку деца има?“

Да потсетиме, Рафаел Надал има 38 години, а со Мери Парељо беше во долгогодишна врска пред да се венчаат. Во јуни 2022 година беше откриено дека „таа е во поодмината бременост“, која „се искомплицирала во 31-та недела за која морала да оди во болница“, но, според последните информации, самото породување поминало без компликации и се родил Рафаел Надал Јуниор.

Кога станува збор за најголемите тениски ривали на Рафа, Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер, тие станаа татковци малку порано.

Швајцарецот со сопругата Мирка имаше ќерки близначки во 2009 година, а синови, исто така близнаци, во 2014 година.

Ноле со сопругата Јелена прво го доби синот Стефан во 2014 година, а потоа и ќерката Тара во 2017 година.

Фото: Инстаграм
Извор: Pink.rs