Трите се различни, ама по две карактеристики се исти: На која би ѝ дале предност

Добивај вести на Viber

Секој од нас е посебен и единствен на свој начин, а тоа најдобро се одразува во природните разлики кои се составен дел од нашиот идентитет. Еден од тие аспекти е типот на косата, а витканата коса е навистина посебен подарок на природата.

Жените со таква коса се препознатливи, автентични, силни и спремни за предизвици.  Кадравата коса е често почувствителна, бара посебна грижа и внимание за да се одржи виталноста и убавината. Се вели и дека се благословени со овој прекрасен тип на коса.

Холивудската актерка Никол Кидман природно има кадрава коса и тоа беше нејзин заштитен знак се додека не почна често да ја исправува. И денес знае да се појави со таква коса, но многу ретко. Често изјавува дека од многу исправување на косата, не може да си ја врати природната.

Водителката и пејачка Сузана Турунџиева пак отсекогаш си го носи нејзиниот природен знак на распознавање. Често знае да експериментира и често ја има исправувано косата, но најново е тоа што сега и е толку кадрава (виткана) како никогаш досега.

И водителката Ирена Спировска си ја носи својата виткана коса секогаш. И одлично ѝ прилега. Многу ретко можеме да ја видиме со исправена коса, претежно тоа се пунџи за одредени настани.

Втората карактеристика која им е заедничка е тоа што сите три ја ситнат шестата деценија и изгледаат двојно помладо. Дали тајната и мистичноста е поврзана со нивните кадрави коси?

Н.Т.