ЛА НИЊА ГО ЗАСИЛУВА ИНТЕНЗИТЕТОТ: Не очекуваат голем број на временски непогоди, вели Попоски

Добивај вести на Viber

Извор: ФАКТОР

Климатскиот феномен Ла Ниња, која носи поладно време во Европа  и на Балканот во следните месеци, односно во летните  и есенските месеци повторно ќе добие на интензитет, односно, ќе се зголеми нејзиното влијание, и ќе биде со поголем интензитет, наспроти топлиот климатски феномен Ел Нињо. Сето ова, би можело да придонесе дека оваа 2025 година кај нас да биде поладна за разлика од изминатите години, а очекувам и голем број на нови временски непогоди, како и поплави, вели Славчо Попоски.

„Сепак и покрај ова, не значи дека воопшто нема да има лето, нормално истото ќе го има  и ќе се оди на плажа, ќе има летни горештини, но не би требало тие да бидат премногу екстремни и многу долготрајни. Се на се, да се подготвиме и да се навикнеме на честите временски непогоди кои ги има последниве неколку години, и истите за жал стануваат се посилни“, вели тој.

Фото: Freepik.com