Ја напаѓаа дека се омажила за кумот: Анѓелка со сопругот ужива надвор од Србија

Добивај вести на Viber

Анѓелка неодамна беше главен актер во скандалот, но сега сето тоа стои зад нив и парот ужива во својата љубов.

Разводот од првиот брак на Анѓелка Стевиќ Жугиќ (поранешна Прпиќ) покрена многу полемики во јавноста, особено откако се дозна дека актерката среќата ја нашла во љубовта со Марко Жугиќ, долгогодишен пријател на нејзиниот поранешен сопруг.


По турбулентен период, парот сега ужива, а актерката на социјалните мрежи откри како го поминуваат времето во Италија.

Анѓелка објави серија фотографии, а со оглед на тоа дека долго време го криеше партнерот, сега ја изненади со потег објавувајќи фотографија на која разменуваат нежности.

„Вљубена“, напиша актерката во описот на објавата.


Да потсетиме дека Анѓелка и Марко имаат ќерка, а актерката неодамна откри дека поминала низ тежок период кога решила да започне врска со сегашниот сопруг.


ФОТО: Инстаграм