Најсочниот божиќeн колач: Се топи во уста! (ВИДЕО РЕЦЕПТ)

Добивај вести на Viber

Ова прекрасно чудо од колач, ќе ја украси вашата божиќна трпеза, но и ќе го нахрани вашето семејство

Потребни намирници:

-80 гр суви кајсии

-80 гр суви дуњи

-80 гр суви јагоди

-80 гр суви цреши

-80 гр суво грозје

-кора од лимон и портокал

-морско оревче

-сол

-2 каранфилчиња

-50 гр шеќер

-220 гр брашно

-200 гр путер

-екстракт од ванила

-200 мл вода

-2 јајца

-10 гр прашок за пециво

-100 гр ореви и лешници

Подготовка: 

Исечкајте го сувото овошје, ставете во сад, истурете вода, додадете путер и шеќер. Се вари 3-4 минути. Додадете јајца, брашно, ореви и зачини по вкус. Цимет, морско оревче, екстракт од ванила.

Додадете кора од лимон и портокал. Додадете брашно и прашок за пециво. Измешајте сè добро, истурете во плех обложен со хартија за печење.

Печете на 160 c - 60-70 минути. Истурете малку коњак или ликер по желба.


Фото и Видео: Youtube