Ќерката на Вело и Евгенија Марковски славеше роденден: Бамби торта за Катерина

Добивај вести на Viber

Точно на Нова година, втората радост во семејството на Марковски, ќерката Катерина наполни 4 години.

Тортата за малата славеничка била со срничката Бамби и пеперутки, а фотографии на социјалните мрежи објави нејзината мајка Евгенија.



„Први јануари од секогаш го паметам како ден кој се поминува дома, се одмара, се гледаат новогодишни филмови, новогодишниот Виенски концерт кој редовно го гледаме секоја година и се испраќаат честитки, но тоа се промени од кога ни се роди ќерката, па последните три години ги поминуваме во подготовки и пречек на гости за најзиниот роденден“ - ни изјави Евгенија , поранешна мисица и сегашна сопруга на професорот Вело Марквоски , во празничното интервју за Женски магазин.

Евегнија и Вело во бракот го имаат и синот Павле, кој во март ќе полни 8 години.

Тие имаат љубов која не познава граници и години. 

Во ексклузивното интервју за Женски магазин, Евгенија ја раскажа нивната љубовна приказна.

Таа вели дека не биле сигурни дека ќе успеат, но вредело да се проба.

„На самиот почеток воопшто не се надевав дека ќе заврши со брак или ќе имаме деца, за само после две години јас бев таа што најмногу на свет сакаше да имаме дете. Клучен момент во се тоа беше неговиот однос кон мене“, вели Марковска.