Имаме рецепт за најбрзите посни колачиња: Готови за 13 минути, а вкусот грее душа!
Започна Божиќниот пост, што значи дека е време за докажани посни рецепти, кои ќе ги обожавате во наредниот период. И ако сте љубител на слатки, имаме навистина одлична идеја за денес!
Имено, преку социјалните мрежи, секојдневно налетуваме на нови, креативни идеи за оброци кои го олеснуваат влегувањето во светот на веганството, а овој пат споделуваме рецепт за совршени посни колачиња.
Посни колачи
Состојки:
- 80 гр пире од јаболка (1/3 чаша)
- 120 гр путер од кикирики (1/2 чаша)
- 60 гр кокосов шеќер (1/4 чаша)
- 90 гр овесно брашно (1 чаша)
- половина кесичка прашок за пециво
- 50 гр темно чоколадо
Подготовка:
Најпрво измешајте ги влажните состојки, па постепено додавајте го брашното. На крајот додадете ситно исечкано темно чоколадо. Формирајте ја формата (можете да ги намокрите рацете за да не се залепи смесата) и печете во рерна на 180 степени 13 минути.