Најубав почеток на годината за Александра Јанева: Брат ѝ по многу години во Америка се врати дома

Добивај вести на Viber

Пејачката Александра Јанева има прекрасен повод за радување

Братот на Јанева кој неколку години живееше и работеше во Америка, по многу години конечно се врати дома. Радоста и солзите радосници се неизбежни во такви емотивни моменти.

Понесена од емоциите, пејачката напиша: „Почетокот на годината каков што не можев ни да замислам... Брат ми е тука до мене, после толку години. Само едно ќе кажам, до моите и сите други родители кои го чекаат денот кога пак ќе си го прегрнат своето дете, вие сте херои!“.

Откако пристигнале дома од аеродромот Александра му подготвила супер изненадување на брат ѝ, пречекувајќи го со чоколадо на кое пишува „Добредојде дома“.

Инаку,  пејачката редовно споделува јавно на социјалните мрежи колку и недостигаше брат ѝ, дека му посвети песни, текстови кои таа ги има напишано и дека и недостига.


Фото: Инстаграм