Јелена Спенџарска покажа како го поминува времето во Берово: Во друштво на внуките е најзабавно

Добивај вести на Viber

По одлично поминатите празнични денови во топлиот и совршено новогодишно украсен Солун, водителката и инфлуенсерка Јелена Спенџарска пред божиќните празници се врати во родното Берово.

Во друштво на најмилите внуки Љубљана и Емона утрово Спенџарска ги засукала ракавите и заедно со дечињата изработиле и украсиле куќички од ѓумбир. 

Со најразлични бои, мрвици и други декорации трите уживале и поминале квалитетно време заедно. 

Деновиве се совршени за дружба со најсаканите, па од Солун каде што живее со својот партнер Лукас, Јелена деновиве е во Берово за да ужива во нашите божиќни празници заедно со најмилите.


Р.Ж.М.

Фото: Инстаграм