Нашата Сара на гламурозна ревија за брендот - „Долче и Габана“
Интернационалниот модел Сара Стои, која веќе 4 години ја гради својата кариера пред една недела настапи на божанствената модна ревија на светски познатиот бренд „Долче и Габана“ во Ријад.
Маестрално организирана во Хитин Палата дизајнерите ја покажаа најновата нивна колекција која вклучи накит како и други модни додатоци. Нашиот прекрасен модел имаше исклучително успешна година работејќи ревии и на други познати модни брендови како Рокобароко, Лаура Бјаџоти и Хуи.
Сара е дел од агенцијата на Јелена Ивановиќ (JS Management) која успешно ја застапува на светскиот моден пазар па така минатата година склучи договор и со престижната модна агенција Next Management од Милано.
Ревијата за „Долче и Габана“ беше клучен момент за нашиот модел да ја заокружи годината, бидејќи сите знаеме дека моделите сонуваат да бидат дел од еден ваков светски познат бренд.
Да се подсетиме дека пред две години и Ивана Манас работеше ревија и кампања за овој дизајнерски двоец. Сара Стои со својата грациозност и префинета убавина полека но сигурно го освојува модниот свет, ние сме тука да ја подржиме, да и посакаме уште многу успеси и да бидеме горди на нејзиниот раскошен талент и убавина велат од Моделс ИН Менаџмент.