Македонскиот музичар стана татко на тројка: „Мама Нате, ти си мојот супер херој, те сакам!“

Добивај вести на Viber

Музичарот Горан Папаз оваа 2024 година ќе ја памети по најголемата радост во неговиот живот.

Со неговата сопруга Наташа добија тројка по природен пат. Бебињата добија имиња кои почнуваат на иста буква.
„Татко на четири. Едното пиле веќе втораче, другите три пајчиња денес пристигнаа. Мама Нате, ти си мојот супер херој, те сакам!Лена, Луна и Лазар, тато и мама ќе ве сакаат дури се живи“, напиша Папаз.


Горан во август објави фотографија од сопругата и фотографија од ултразвук, со што ја сподели среќната вест со јавноста, и тогаш се пошегува дека го решил проблемот со барање музичари за во бенд.

Фото: Инстаграм
РЖМ

Горан Папаз и сопругата Наташа ќе добијат тројка: „Го решив проблемот со барање музичари за бенд“