Горан Папаз и сопругата Наташа ќе добијат тројка: „Го решив проблемот со барање музичари за бенд“
Музичарот Горан Папаз и неговата сопруга Наташа ќе добијат тројка. Радосната вест ја сподели на Фејсбук, со фотографија од сопругата Наташа и со скрининг – фотогрфии.
„1 на 10.000 биле шансите за природна тројка... ние победивме! Вака изгледа скрининг на три бебиња во меше. Ви кажав еднаш, не дека е моја ама... П.с. Го решив проблемот со барање музичари за бенд“, напиша Папаз.
Инаку Папаз и Наташа се венчаа во 2022 година. Неодамна тој и посвети емотивен статус за годишнината.
„Треба да измислам нови зборови за да ти кажам колку ми значиш и колку те сакам, затоа што "најмногу" е малце...Ти си мојот мир и со тебе секаде ми е "дома".Честито годишнина, принцезо моја.Те сакам бескрајно“ - напиша Папаз на социјалните мрежи.
Фото: ФејсбукРЖМ
„Треба да измислам нови зборови за да ти кажам колку ми значиш“: Гораз Папаз и неговата сопруга имаат повод за славење
Фотографии од свадбата: Музичарот Горан Папаз и избраничката Наташа направија прекрасна веселба