Рецепт на денот: Тестенини со доматен сос и Ева туна салата Protein
Како што е познато дека тестенините и сосевите од домати се
природна комбинација, знаеме и дека туна салатата е лесно достапна и високо вредна храна.
Затоа, тестенините со доматен сос и Ева туна салата се едноставно и богато јадење со медитерански шмек.
Подготовка:
1. Тестенините варете ги во солена вода.
2. Во маслото исцедено од Ева туна салатата Protein, кратко се пропржува ситно сечканиот лук, се додаваат исечканите домати и се динста кратко за да се добие сос.
3. Додадете ја Ева туна салатата Protein, малку Вегета и магдонос. Се динста кратко за да се соединат состојките. По потреба додадете малку вода од варењето на тестенините.
4. Нутри катче: Рибата е суштински дел од медитеранската исхрана и една од најхранливите намирници. Содржи фосфор, калциум, железо, витамини А, Б1 и Б2. Морската риба има поволен состав на маснотии, а во зависност од видот на рибата, богата е со омега-3 масни киселини и витамини растворливи во масти, како А и Д.
Послужување
Измешајте ги тестенините во готовиот сос и послужете ги топли.
Совет
За уште подобар вкус, можете збогатите со суви медитерански зачини (оригано, босилек, мајчина душица).
ПР објава