Тренерките се новите фармерки и уште се во тренд: Јасминка Трајковска демонстрира мода на скопските улици
„За добар стил е пресудно да знаеш од нешто едноставно да направиш современа комбинација а тоа се гради и учи цел живот едноставно или го имаш или го немаш духот и стилот“, вели Јасминка Трајковска која е наша денешна модна инспирација.
Оваа дама по теркот на светските модни инфлуенсерки, демонстрира мода низ скопските улици.
Тренерките се новите фармерки и иако оваа мода Французинките ја покажаа пред неколку години, изгледа уште е доста актуелна. За тоа сведочат бројните модни комбинации кои ги гледаме секојдневно на улиците на европските метрополи но и кај нас.
И она што е удобно не мора да значи дека не е стилски, па време е да го инфилтрирате овој тренд и во вашиот стил. Извадете ги тренерките од плакарот, но и од кутијата „само за патување“ или „само за трчање“ и играјте по линијата на оваа мода.
Ако играте на сигурно, изберете тренерка во комплет и облечете сако, а доколку сакате да експериментирате, комбинирајте ги со ефективен џемпер и потпетици. Еве неколку начини како тоа го направи Јасминка Трајковска.
ФОТО: Приватна архива Јасминка Трајковска
За стилот со Јасминка Трајковска: Сама по себе сум автентичнаР.Ж.М.