Најстариот и најубавиот рецепт за пченица за слава со три тајни: Домаќинките го пренесуваат од колено на колено
Овој рецепт се смета за еден од најстарите и домаќинките го пренесуваат од колено на колено
Многу семејства во Македонија сè уште ја негуваат традицијата на прославување на куќните слави. За некои тоа е можност да се соберат пријателите и членовите на семејството, додека за други е начин да се помине времето со саканите на богат оброк. Сепак, сите имаат едно нешто заедничко - на празничната трпеза секогаш мора да има жито, леб и свеќа.
Без разлика дали славите во тесен круг од неколку луѓе или подготвувате прослава за десетици гости, важно е на масата да ги имате главните симболи на прославата. Едно од нив е житото, за кое денес ви пренесуваме рецепт кој многу домаќинки го нарекуваат „пченица за слава со три тајни“.
Потребни намирници:
500 гр бела пченица
400 гр кристален шеќер
400 гр мелени ореви
2 кесички ванилин шеќер
половина лажичка мелено морско оревче
Начин на подготовка:
Пченицата исчистете ја и измијте ја добро, па натопете ја во вода и оставете ја да отстои преку ноќ. Следниот ден повторно измијте ja и ставете ja да се готви. Готвењето трае неколку часа, а експрес лонец може да го забрза процесот.
Кога пченицата ќе се свари, оставете ја да се излади, па процедете ја, но не ја плакнете (тоа е првата тајна). Потоа сомелете ја во мелница за месо, но не мелете ја премногу ситно (тоа е уште една тајна).
Во смесата додадете шеќер, мелени ореви, ванилин шеќер и малку морско оревче. Внимателно соединете ги сите состојки, по можност со раце (ова е третата тајна). Префрлете го житото во сад и готово е да се однесе во црква, а потоа да им се сервира на гостите на празникот.
Фото: Youtube - screenshoot