„Таков шамар му залепив на функционерот, подобро леб и сол ќе јадам, ама сама ќе работам“: Агнеса Органџиева во нашиот подкаст „КАЖИ ШИФРА“
Во новата епизода од подкастот КАЖИ ШИФРА на Женски магазин, овозможено од Фактор мк. кој ќе оди премиерно во среда- 27 Ноември, ја имаме Агнеса Органџиева.
Каде и да се појави, остава силен впечаток. Ја нарекуваат фам фатал, а има таква аура што привлекува сечиј поглед и внимание. Едноставно е уникатна сама по себе. Агнеса има армија од обожаватели на социјаните мрежи, па и точка да стави ќе биде во центарот на вниманието.
Но, таа многу луцидно игра со содржината која ја пласира. Пред се гламур, зачинет со доза на елеганција и сексипил, спакувано во соодветна естетика. Иако е инфлуенсерка, Огрганџиева е правик со магистратура, има свои приватни бизниси и посветена е целосно на својата работа. Има и две прекрасни ќерки кои ги воспитува во духот на вистинските вредности. После разводот за кој се крена голема прашина, таа продолжи да биде своја и за многумина инспирација. Посебно во модниот дел каде прикажува нешта кои се уникатни. Верува во Бог, не се осврнува многу на лошите коментари и вели дека доброто со добро се враќа. Затоа и многу помага онаму каде што е најпотребна помош.
Во нашиот подкаст откри нешта кои никогаш до сега не ги кажала. Ќе имате што да гледате.
Во мал сегмент од видеото подолу кажува за тоа колку убавината ѝ отворила или затворила врати.
Погледнете: