„Се будам во ноќта, плачам и треперам“: Никола Кидман не може да се помири со животните удари-„Животот е „фуј“

Добивај вести на Viber

Неодамна проговори за својата состојба и како се справува со тоа што ја нема мајка и, а од нејзините зборови лесно можеше да се заклучи дека веќе некое време е вознемирена.

На многумина обожуваната актерка Никол Кидман неодамна се соочи со големи болки кога нејзината мајка почина на 84-годишна возраст. Веста дека нејзината мајка не е добро стигна кога таа беше на филмскиот фестивал во Венеција, а сите се сеќаваме на веста дека мораше итно да го напушти настанот и да отпатува дома.

Никол, покрај уникатната убавина, препознатливиот изглед и порцеланскиот тен, фантастично ги демонстрира и своите актерски способности. Токму тоа ја прави жива легенда на Холивуд, а фановите од самиот почеток сакаа да го знаат нејзиниот приватен живот. Честопати имавме можност да видиме заеднички фотографии со мајката и остатокот од нејзиното семејство, а ликот на Џенел Ен Кидман им стана познат на фановите.

Неодамна проговори за својата состојба и како се справува со тоа што ја нема мајка ѝ, а од нејзините зборови лесно можеше да се заклучи дека веќе некое време е вознемирена.

Иако многу луѓе сметаат дека нивната емоционална регулација се подобрува по адолесценцијата, таа рече дека ги прифатила нејзините емоционални подеми и падови сега кога е во своите 50-ти. Според неа, овие чувства сега се поприсутни на површината од кога било.

- Смртност. Врски. Животот доаѓа и те удира толку ненадејно. Губење на родител и воспитување деца и брак и сите нешта што одат во тоа да станеш целосно осетлив човек - јас сум на сите тие места. Значи животот е - фуј. Дефинитивно интересно патување – изјавила Никол во едно неодамнешно интервју.

- И тоа влијае на тебе како што старееш. Често се будам во три часот наутро, та е плачење и треперење. Малку се изгубив во размислувањето за смртноста – додала таа.

Кога ја известиле дека мора веднаш да го напушти фестивалот, Никол таа вечер ја доби наградата за најдобра актерка. Иако подоцна заврши во нејзини раце, Никол изјави дека ѝ ја посветува на мајка си.


ФОТО: EPA-EFE/ALLISON DINNER