Го памтиме по песната „Џули“, беше еден од најубавите Ју момци, а сега го покажа синот кој е негова копија: Погледнете како изгледа Даниел Поповиќ денес
Синот на Даниел Поповиќ се ожени на 23.11. а неговиот татко му ја разубави прославата
Себастијан Поповиќ, синот на Даниел Поповиќ, во саботата се ожени со својата избраничка Магдалена. Забавата била организирана во ресторан во Загреб, а на венчавката пеел и неговиот славен татко, бидејќи тоа отсекогаш било желба на Себастијан.
Фотографии од свадбата на Себастијан ги сподели четвртата сопруга на Даниел, Александра.
- Забавата на свадбата на синот на Даниел , Себастијан и неговата Магдалена е на место - напиша Александра.
Себастијан, судејќи по фотографиите, е копија на неговиот татко, а познато е дека Поповиќ своевремено важеше за еден од најубавите музичари во Југославија.
Даниел го доби Себастијан во вториот брак, а Сања му е единствената бивша со која останaл во добри односи.
- Со првата сопруга Маја ја имам ќерката Анамарија. Немам контакт со неа, но како е дознавам преку нејзината мајка. Со втората сопруга Сања имам син Себастијан и ќерка Изабела. Ние двајца сме во добри односи, се почитуваме.
Со третата, Сандра, имам син Доминик. Ние двајца сме во катастрофална врска. Таа ми направи огромни проблеми! Таа е првиот човек што го тужев бидејќи постојано шират лаги за мене.
Таа тврди дека сум регистриран домашен насилник. Тоа не е точно! Испратив документ до медиумите кој ја побива, покажувајќи дека таа била насилна – признал претходно Даниел и додал дека не е во контакт со Доминик.
ДОТО: Фејсбук официјален профил Даниел Поповиќ