„Ние жените сме брзи на јазик, а тоа нѐ чини“: Слобода со својата изјава ја разбранува јавноста, вака зборуваше за браковите

Добивај вести на Viber

Слобода Миќаловиќ неодамна крена голема прашина со својата изјава за жените.

Познатата српска актерка Слобода Миќаловиќ се најде во центарот на вниманието на сите медиуми поради инцидентот што се случи на паркинг во Земун, при што таа се здоби со повреди и заврши во Ургентниот центар.

Физички се пресметала со С.Д., додека во болница изјавила дека ја удирале неколку пати по главата, а на лекарите им се пожалила на болките. По деталните прегледи, таа била отпуштена од болница, а нејзиниот сопруг Војин Ќетковиќ ја однел дома. Истрагата е во тек, додека се‘ уште не се познати деталите за ескалацијата на конфликтот на паркингот.

Сепак, ова не е прв пат Слобода да се најде во центарот на коментарите. Еднаш зборуваше за бракот и жените, а една нејзина изјава тогаш предизвика лавина од коментари, а потоа истакна дека еден од главните проблеми на денешните бракови е тоа што жените ја изгубиле почитта кон своите сопрузи. По тој повод, Слобода зборуваше за хероината Симка Катиќ, која ја толкуваше во екранизацијата на романот „Корени“.

„Мислам дека се променивме, но на полошо. Се еманципиравме и баравме да бидеме независни, но мислам дека си направивме голем проблем. Имам 37 години и не сум сигурна дека би можела да живеам како што живеела Симка. Ми годи да сум јас, да имам свое парче леб. Но, си зададовме многу тешка задача - да бидеме и мајки и домаќинки, и успешни жени и сопруги и убави и дотерани“, рече Слобода и додаде:

„Денес ја изгубивме таа врска, односно почитта кон нашите сопрузи. Ние сме многу брзи на јазикот, а тоа не‘ чини. Тие беа помудри. Ми се чини дека на жените им е дадено да бидат мудри по природа, а на мажите силни. Мислам дека малку ја користиме мудроста, повеќе ние сакаме да се бориме со нив со зборови, да бидеме ние силни, а не ни треба, едноставно не ни треба“, рече тогаш актерката  во емисијата „Балканска улица“.

Нејзината изјава наиде на бурни реакции кај корисниците на социјалните мрежи.


Фото: Youtube - screenshoot