Цеца скршена по загубата на нејзиниот пријател: Со солзи во очите ја тешела вдовицата на политичарот
Цеца по комеморацијата му пријде на семејството на Палма за да изрази сочувство и ги прегрна сите.
Во Собранието на Србија денеска се одржа комеморацијата на Драган Марковиќ Палма, лидерот на Единствена Србија.
Меѓу првите на комеморацијата пристигна пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ, долгогодишна блиска пријателка на Палма, а потоа Тамара Милутиновиќ, Вера Матовиќ, Нада Топќагиќ, Срѓан Ѓоковиќ, кој неодамна беше опериран поради компликации од скршеницата на раката, Јована, Лепа Лукиќ, Вики Миљковиќ, Радиша Трајковиќ Ѓани, Ера Ојданиќ...
Цеца по комеморацијата се приближила до семејството на Палма да изрази сочувство и ги прегрнала сите, не можела да ги сокрие солзите на комеморацијата за нејзиниот пријател.
Да потсетиме, на комеморацијата на претседателот на Единствена Србија Драган Марковиќ Палма присуствуваше државниот врв на чело со претседателот Александар Вучиќ, премиерот Милош Вучевиќ и претседателката на Народното собрание Ана Брнабиќ и бројни министри. На комеморацијата на градоначалникот на Јагодина во Народното собрание се појавија многу естрадни личности, а меѓу првите пристигна неговата долгогодишна пријателка Светлана Цеца Ражнатовиќ.
Фото: Принтскрин/ Пинк.рсИзвор: Kurir.rs