„Не знам што има пиено, ама буден е од пет наутро“: Марија Шерифовиќ објави видео од синот Марио, откривајќи низ какви маки поминува со него

Добивај вести на Viber

Пејачката Марија Шерифовиќ, која со помош на сурогат мајка стана родител на прекрасно момче, често ги објавува авантурите низ кои поминува со малиот Марио.

Сега таа објави видео од нејзиниот син кој е буден во пет часот наутро и не им дозволува на неговите мајка и баба да спијат. Марио лази по целиот стан како среде бел ден и си игра со играчките.

- Во два часот пиеше млеко - се слуша баба Верица на видеото.

- Не знам што испил, но буден е во пет наутро.

Да потсетиме, Марија неодамна го прослави својот 40-ти роденден и по тој повод на социјалните мрежи објави фотографии со синот Марија од кој не се дели.

- Четириесет години... Патување исполнето со предизвици и победи! Секоја година ми даде нешто скапоцено – лекции, љубов, сила, а понекогаш и тишина што ме потсети колку е важно да застанам и да бидам благодарена. Но, најголемиот подарок што може да ми го даде животот е - мојот син.

Фото: Инстаграм
Извор: Kurir.rs